Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Постпразничната тага може да прерасне во депресија или другата страна на медалот наречен “празничната еуфорија“

Сиви, тмурни, ладни денови… Новогодишната елка, декорациите се расфаќаат, светлата се гаснат, убавите празнични мелодии не се слушаат повеќе… Нека не ве чуди што не сте во најдобро расположение, уморни сте,троми… тешко ви е да станете од кревет.

Зошто сме тажни по завршувањето на празничната еуфорија?

Откако ќе „спласне“ еуфоријата која владееше пред и за време на празниците, потоа може да настапи некое празно чувство, незадоволство поради завршувањето на празничната сезона (која за многумина е најубавиот период во годината) и враќање на секојдневниот ритам. Сето ова ако трае, може да прерасне и предизвика симптоми на блага депресија или депресивност.

Кои чувства може да јават  кога ќе се  вратиме во „реалноста“?

Чувството на тага, осаменост, разочарување, апатија, емоционална болка и страв од предстојните зимски месеци, незадоволство поради завршувањето на празниците. Особено со започнување на  работните обврски  кога се некако ни изгледа погрубо реално, а не „бајковито“. Оваа појава ги има истите карактеристики како анксиозност или нарушувањето на расположението: несоница, недостаток на енергија, замор, тромост, раздразливост, потешкотии во фокусирањето. Но, за разлика од клиничката депресија, постпразничната депресија или депресивност трае пократко.Пост-празничната депресија е синдром и вистински феномен

За кој постои интересно научно објаснување:

-Имено станува збор за намалување на количеството на супстанците во мозокот што за време на празниците биле на високо ниво.

-Допаминот е невротрансмитер, хемикалија што ги пренесува сигналите во мозокот. Покрај многу други работи, допаминот има главна улога во сигнализирање на чувството на уживање и радост кога правиме нешто во кое уживаме.

Пример: Кога правите нешто што сакате или учествувате во нешто што ве возбудува – како подготовки за празниците, украсување на елката, дарување на најблиските, прославување… – допаминот го активира делот во мозокот наменет за награди и прави да се чувствувате среќни, задоволни и исполнети.

Но, кога доаѓа до нагло опаѓање на „добрите супстанци“ и најздравиот мозок ќе ја почувствува таа голема промена 

Кога ќе завршат прославите, изгаснат светилките, декорациите ги нема „сите подароци“ се отворени… и седите сами, недостигот на овие хемикалии може да биде ужасно тежок.

Психолошко објаснување

Како конзументи на весели, романтични и шарени новогодишни содржини кога излеземе на улица, со нивното завршување ние всушност гледаме друга поинаква слика на реалноста која сега  ни изгледа уште посурово и грубо, наспроти магичната, бајковите атмосфера за време на празниците. Ние би требало да сме свесни дека и едно и друго претставуваат реалност, и не е се сјајно и  бајковито, но не е се тажно или катастофално.

Добрата вест е што оваа постпразнична депресија не е долгорочен проблем.

Мора да се спомене дека поизложени се оние личности кои чувствуваат незадоволство од својот живот, кои  се осамени или се чувствуваат осамено, оние кои  раскинале емоционална врска, губиток на блиска личност, оние кои се далеку од своите блиски. (Статистичките податоци зборуваат зголемно чувство на депресивност, тага  и депресија како и зголемен број на самоубиства во светот во овој период заради и што добил име).Тоа е другата страна на медалот на т.н. празнична еуфорија. Како да си помогнете?

Бидете реални

Mенување на чувствата ќе го избегнеме ако вежбаме способност да направиме една целосна слика на себеси, другите, околината и да не одделуваме (“одлепуваме“) еден дел од реалноста било тој да е позитивен, па потоа да паднеме во замка на се е црно и страшно. Или  да ја одлепиме и го  негираме негативниот аспект, па се да ни е  розово и да испаднеме наивни.

Светот не е ни црн ни бел. Туку комбинација од обата и способноста тоа да го поднесеме го јакне нашето ментално здравје и егзистенцијалната толеранциаја – поднесување на животот прифаќање  и уживање во него.

За да ја надминете постпразничната депресија, погрижете се за себе:

-Балансирајте ја вашата исхрана и сон: хранете се здраво, вежбајте и намалете го внесот на шеќер и алкохол.

-Не избегнувајте дружење, социјалните интеракции се клучни за нашата благосостојба, одвојте време за пријателите

-Понекогаш е доволно некој само да ве ислуша, па веднаш да ви биде полесно.

-Посветете време на своето хоби кое го имате, ако немате пронајдете.

Изложувајте се што повеќе на светлина.

-Излегувајте на прошетки, во природа (и покрај ладното време).

 -Мотивирајте се да започнете да учите нешто ново.

-Помагајте на другите: Кога им помагаме на другите си помагаме и себеси. Насмевката која сме ја предизвикале кај другите влијае да се чувствуваме корисно и вредно. Исто така кога ја усмеруваме нашата енергија и мисли на добро, неминовно се подига нашата верба во себе и другите.

-Развивајте ја духовноста

Ќе завршам со една  мисла на Отец која ми остави впечаток

  „Зошто престанувате да посакувате,

па како тогаш Бог да делува, како да посредува!

За среќа Бог не можеме да го “убиеме“со својот песимизам,  но  СЕБЕСИ  ДА“.