Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пријава за измама, санкционирани 125 возачи за брзо возење, каснување од куче скитник

На 16.01.2023 во СВР Битола, 42 годишен маж од Битола пријавил дека во објект во Битола, каде што работел, бил измамен од страна на лице од Прилеп. Според пријавеното, тој бил доведен во заблуда при откуп на предмет од прилепчанецот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (17.01.2023) во периодот од 14.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи. Од нив 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 16.01.2023 во СВР Битола, С.Г. (64) од Битола пријави дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.

 

More from ВестиMore posts in Вести »