Press "Enter" to skip to content

Елисавета Димовскa, сопственик “X-FIT“ првиот кросфит центар во Битола: убавината на оваа спортска дисциплина е сите кои тренираат се поддржуваме и мотивираме едни со други (фотогалерија)

 Жанета Ристевска

-Се развива еден позитивен дух на заедницата, каде сите се блиски и заеднички се слави секој успех. Сите се тука еден за друг. Ова е спорт во кој последниот што ќе ја заврши вежбата добива поголеми честитки од оној што е прв, вели Елисавета Димовска, кросфит тренер, сопственик и оснивач на “X – FIT“  Центар во Битола за да продолжи:

За своите почетоци во Кросфитот

-Започнав пред 10 години кога живеев во Солун, за прв пат се запознав со кросфит. Таму тренирав неколку месеци, потоа продолжив во Загреб и Скопје. Кога започнав пред 10 години не се занимавав со некој спорт, скоро и да немав физичка активност до тогаш, имав  18 -19 години. Започнав со цел да направам промена на физичкиот изглед  и не знаев што ме очекува. Но, во крос фитот најважни се движењата. Акцентот е на кондиција, сила, издржливост, отколку на самиот физички изглед. Потоа со вежбањето  доаѓа и обликување на телото и убавиот изглед.Со отворање на “X – FIT“  центар сакав Битола и битолчани имаат можност да тренираат тука. Бидејќи досега ги има  и оние кои сами го вежбаат. За тренирање на кросфит нема разлика на пол, возраст, почетници, аматери, професионалци. Ќе нагласам дека не е теретана, не е пилатес, аеробик, и сосем нешто ново кај нас. Што претставува Кросфит ?

-Дефиницијата е “Константна Варијација на Функционални Движења извршени со Висок Интензитет“. На кратко ова преставува комбинација на Олимписко кревање на тегови, гимнастика, трчање, веслање и основни кардио-васкуларни вежби, со кои  се подобруваат севкупната флексибилност, сила, брзина, издржливост. Олимписко кревање на тегови може да  звучи премногу силно (што ќе ми е ова, јас нема да одам на Олимпијада), но движењето веќе ви е познато кога треба да подигнете кревет при селидба, или пак вреќа со компири или цемент.

Има многу недоразбирања и погрешна перцепција за крос-фит. Вистината е во тоа дека сето она што го правиме на тренинзите го репрезентира нашиот секојдневен живот, а воедно ни помага да одговориме на психо-физичките предизвици на секојдневието. Во превод тоа значи подигнување на медицинка од земја, може ви звучи чудно, но движењето ви е веќе познато кога треба вашиот куфер да го ставите на полица над глава во авион или воз.Со константна промена на различни движења и интензитет се добиваат одлични резултати во фитнесот. Интензитетот е од суштинско значење за резултатите и работата во рамките на одреден временски период или тежина. Сите вежби се прилагодуваат според физичките можности. За едно фит двжење може да го изведува и понапреден и почетник. Тренингот е за сите, но се прилагодува според можностите. Сите почнале од почеток, без разлика дали се работи за тотален аматер или професионален спортист. Секој работи со својот интензитет и сила. Се разбира дека секој почеток е тежок.

Кажете ни повеќе како се одвиваат за тренинзите

-Секој кросфит тренинг започнува со загревање, кое се состои од трчање, истегнување, вежби на терен и скокање јаже. “Константна Варијација“ значи дека секој ден имате различна вежба (ВЕЖБА НА ДЕНОТ), вклучувајќи ги сите комбинации на овие елементи. Кросфит теретаните користат опрема од различни дисциплини, вклучувајќи тегови, гимнастички прстени, шипки за згибови, јажиња, кетбели, медицински топки, кутии за качување. Во “X- FIT“ Битола  ќе скокате јаже, мафатате кетлбел и ќе превртувате гума, ќе правите склекови, склекови од стој на раце, ќе се кревате на карики. Ќе увежбувате чучњеви, спуштања, извлекувања, Исфрлања, Подигнувања на тегови и мртво подигнување, а во исто време ќе трчате, скокате на кутија и јаже. Секој ден носи нов предизвик на нова вежба дизајнирани да вклучуваат разни мусклуни групи, кардио-васкуларна издржливост и снага.Потоа се преминува на одредена програма. Дополнителен мотив за сите кросфит вежбачи е тоа што секој тренинг е врз основа на комбинација на различни вежби. Едноставно кажано, ниеден не е ист.

Важно е да се нагласи бидејќи се е мерливо, постои еден вид меѓусебно натпреварување, секој сака да е подобар. Но, на крај сите се мптивираат и поддржуваат. Заради што се развива еден позитивен дух на заедницата тука каде сите се блиски и заеднички се слави секој успех. Многумина не веруваат во овој концепт, ама резулатите не лажат. Секој може да постигне максимални резултати, во зависност од своите психо – физички способности. Целта е подобра физчка кондиција, но резултира и со слабеење и обликување на телото.Тренинзите се групни, еден е тренингот за сите почетници, напредни…но вежбите се прилагодуваат од тоа секој да извлече најмногу. Групите се од 8-15, тренинзите траат еден час, 3-4 пати неделно, а некои може да доаѓаат и повеќе пати , во зависност од можностите. Исто така постојат и посебни програми и тренинзи за трчање, кои со временските прилики или особено во пролет се во Градскиот парк или  Смолево. Исто така тука во “X-FIT“ се подготвуваме и учествуваме тимски  на атлетски трки и маратони.Овој спорт е нешто ново кај нас, инаку во светот  кросфитот е толку ефикасен и од тоа настана глобалната мрежа на кросфит филијали и денес тој број е над 13 000. Кросфит е фитнес режим развиен од страна на Грег Гласмен поранешен гимнастичар, го оформил “CrossFit®Тре, Inc.“ во 2000 година. Во годините поминати во тренирање на елитни спортисти дошол до заклучок  дека оптимални резултати се постигнуваат не преку специјализирани тренинзи, туку преку: „Константна Варијација на Функционални Движења извршени со Висок Интензитет“ што воедно и преставува дефиницијата на Кросфит.