Press "Enter" to skip to content

Митко Стојковски нов претседател на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола

Денес се одржа вонредно собрание на ФК Пелистер од Битола, а на собранието за нов претседател е избран Митко Стојковски.

Митко Стојковски својата фудбалска кариера ја започна во Пелистер во Битола, во 1991 година продолжи во белградска Црвена Ѕвезда, каде на 100-тото фудбалско дерви Црвена Ѕвезда – Партизан е прогласен на играч на натпреварот. Фудбалската кариера ја продолжи во Реал Овиједо каде има одиграно 63 натпревари. Од таму следен трансфер му  е во екипата на Штутгарт со кој играше во финалето на Купот на победниците на куповите против екипата на Челзи. Во Пелистер се враќа во 1998 година и во сезоната 2000-2001 го освои македонскиот фудбалски куп. 2001 година ја завршува својата фудбалка кариера во Пелистер.

Во бордот на директори членуваат поранешните фудбалери Тони Мицевски, Пеце Цветковски и Златко Деловски, стопанствениците Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски и претставници на Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник).

Досегашен претседател на ФК Пелистер беше Пеце Стојчевски.

More from ВестиMore posts in Вести »