Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: двајца приведени кај “Пелагонка 1“ и 61 казна за брзо возење

На 17.01.2023 полициски службеници од СВР Битола на ул. „Прилепска“, кај м.в. „Пелагонка 1“ во Битола, лишиле од слобода две лица на возраст од 36 и 19 години од село Долно Оризари, битолско, бидејќи кај нив била пронајдена и одземана грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (18.01.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 61 возач. Од нив, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »