Денеска на Бар Илан Универзитетот во Тел Авив, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, потпиша договор за билатерална соработка со Заменикот Претседател на Бар Илан Универзитетот, проф. д-р Моше Левенштајн.
Потпишаниот договор ја отвара вратата за размена на студенти и вработени, заеднички проекти, истражувања, конференции. Наредни чекори ќе бидат потпишување неколку секторски договори во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Унија помеѓу заинтересираните факултети од УКЛО и Бар Илан.
УКЛО деновиве учествува на Меѓународен академски саем, организиран во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Унија на Бар Илан Универзитетот. Презентацијата и штандот на УКЛО побуди значителен интерес за соработка и размена на студенти и вработени. На Еразмус+ академскиот саем во Тел Авив учествуваат околу 30 универзитети од Европа, на покана од Бар Илан Универзитетот.
На потпишувањето на договорот и презентацијата на УКЛО на академскиот саем, присуствуваше и в. д. амбасадорот на Република Северна Македонија во Државата Израел, г нот Мациеј Качоровски.
Бар Илан Универзитетот е втор најголем универзитет во Израел со преку 20.000 студенти и околу 1350 професори, високо рангиран на повеќето светски ранг листи на универзитети. Остварувањето на соработка на УКЛО со вака реномиран светски универзитет, отвора серија можности за развој и интернационализација на УКЛО.
Одличната соработка помеѓу УКЛО и Бар Илан е во голема мера заслуга и на Д-р Рахел Шели Леви Друмер, Еврејка со битолско потекло, која долго време беше дел од менаџментот на Бар Илан Универзитетот.

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола потпиша договор за соработка со Бар Илан Универзитетот од Тел Авив, Израел (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер и официјално ја предаде титулата, висок пораз од Вардар
- ЈКП “Вододов“ Битола: прекин на водоснабдување на дел од “Лавчански пат“
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)
- Амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Никол Варнс по посета на УКЛО Битола





