Press "Enter" to skip to content

Александар Талевски го извади Светиот крст од осветените води на крстилницата во “Св. Недела“ во Битола (фото+видео)

Оваа година, 2023 лето, честа да го извади крстот од осветената вода на крстилницата во црквата “Св. Недела“ во Битола, ја имаше младиот Александар Талевски од Битола.По светиот крст во “Св. Недела“ во осветената вода влегоа уште педесетина момчиња скокнаа во осветената вода на крстилницата во дворот на црквата, која беше претесна за сите кои искажаа желба и имаа сила да го извадат Светиот крст.

Среќникот Александар Талевски на сите свои сограѓани по “фаќањето“ на светиот крст им посака здравје среќа, секако и на сите кои денес влегоа во осветените води.Среќниот Александар Талевски – Чурлин беше даруван од црквата “Св.Недела“ која му ја подари старешината Отец Пенчо, кој ја водеше службата, Света икона, на која е насликано Христовото крштевање во реката Јордан.Исто така Александар доби на подарок и златен крст од златара “Маслинко“ од Битола.Во оваа стара битолска црква Светиот крст беше поставен во Светите води и во 2021 година, за време на најстрогите ковид мерки.

More from ВестиMore posts in Вести »