Честа да го извади крстот од осветената вода на крстилницата во црквата “Св. Димитрија“ во Битола ја имаше Лука Дамчевски ученик од Битола, кој заедно со уште дваесетина момчиња скокнаа во студената вода на крстилницата, по релативно топло време во Битола кое преовладува оваа зима. Во базенот во форма на крст во водата во црковниот базен светиот крст го спушти митрополитот преспанско-пелагониски и адиминистратор австралиско-новозеландски г. Петар, кој го даруваше Дамчевски. Верниците можеа да присуствуваат голем број, а по неколку години без ограничувања и без ковид протоколи во црквата и дворот “Св. Димитрија“.
Со централната манифестација чиноначалствуваше Владиката Петар, кој со литија прво ја освети водата во крстилницата во дворот на Црквата, а потоа во него скокнаа верниците, а претходно одржа свечена богојавленска литургија внатре во црквата.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски присуствуваше на прославата на Водици, му честита на Лука и го покани во неговиот кабинет на прием.
По повод големиот празник Богојавление – Водици, литургии се служеа во сите православни храмови во Преспанско-пелагониската епархија, а исто така крстот се фрлаше ви сите цркви када имаше голем број верници, кои ги заокружија божикните празници.
Со осветувањето на водите завршија некрстените денови кои започнаа со христовото раѓање на Божик.

Лука Дамчевски го извади крстот од осветените води на крстилницата во “Св. Димитрија“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во ОУ “Гоце Делчев“ одбележана 151 годишнина од раѓањето на нивниот патрон
- Билтен на МВР: групна тепачка во 3 часот наутро, приведување заради марихуана, каснување од куче скитник
- Чествување по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
- Одбојкарките стартуваа со дерби на двете најдобри екипи во Втората лига, Митковски очекува да се “гине“ во Штип
- СВР Битола: ноќеска 14 возачи под дејство на алкохол