Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес оствари средба со Лука Дамчевски, 15 годишен битолчанец, кој вчера беше најсреќен и го фати Светиот крст во осветените води во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.-Му посакувам на Лука успех во училиштето Таки Даскало, каде што се школува, лична среќа, среќа во семејството, здравје пред се, успеси понатаму во животот. Разговаравме за неговите ангажмани и натамошното продолжување на школувањето. Во име на општина Битола доделуваме скромен подарок, тоа е иконата на нашиот заштитник, битолскиот светец “Св. Нектариј Битолски“ и финансиска поддршка од 15.000 денари. Воедно на сите граѓани на општина Битола им го честитам големиот православен празник Богојавление – Водици, со желба за лично здравје, да ни донесе повеќе бериќет, среќа, љубов, почит меѓусебна и во мир и благосостојба да ја поминеме годинава која е пред нас“, посочи на средбата градоначалникот Коњановски.
Дамчевски истакна дека вчера за прв пат учествувал во церемонијата на фаќањето на Светиот крст и е особено е радосен што токму тој е најсреќен оваа година, кога имаше и рекорден број пријавени учесници на манифестацијата.
-Мотивацијата ми беше да пробам, да видам какво е чувството за здравје. Го почувствував крстот со ногата, не беше тешко, но беше тешко да се извади поради гужвата, бидејќи имаше многу луѓе внатре, во водата. Посакувам среќа кај сите, а за следната година не знам, со Господ напред, па ќе видиме дали пак ќе учествувам, рече младиот Дамчевски.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2023/01/atpazar-104-copy.jpg?fit=1000%2C779&ssl=1)
Лука Дамчевски кој вчера го “фати“ Светиот крст кај градоначалникот Коњановски (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)