Press "Enter" to skip to content

Маслинко: Андреј Маслинко: го дадов максимумот за победа на Пелистер против “мојот“ Гостивар

Синоќа во Битола, во спортската сала “Боро Чурлески“ екипата на Пелистер ја победи екипата на Гостувар со постигнување на 117 кошеви, а од нив 21 “кош“ постигна новото засилување во тимот, Андреј Маслинко, кој токму од Гостивар дојде во Битола.

По завршувањето на натпреварот најдобар поединец во редовите на “пелистерци“ беше последното засилување, Андреј Маслинко, кој по мечот не го криеше своето задоволство од одиграниот натпревар и извојуваната победа:

-Сакам да се заблагодарaм за пречекот, одлично се чувствувам. Фантастичен натпревар, мој прв во новиот тим. Го дадов максимум за да славиме победа, токму над тимот од кој доаѓам, Гостивар. Очекувам дека поддршка ќе имаме на секој натпревар до крајот на сезоната. Ни следува многу важен балон во АБА2 лигата, а потоа ќе се подготвуваме за Купот, рече новото засилување на Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »