Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со врнежи од дожд

Денес, сабота, 21 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоолошки работи, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура во Битола до 6 степени.

Утре, недела, 22 јануар, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро можна појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Битола до 8 степени.