Press "Enter" to skip to content

Роберт Митковски-тренер на Пелистер Волеј: се подготвуваме за пеколна пролет и за враќање во Првата лига

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, ја завршија втората фаза на подготовките за пролетниот дел, во кои одработија квалитетни 18 дена започнувајќи од од 2 јануар, без одмор по новогодишните празници во нивната одбојкарска база средното медицинско училиште во Битола. Тренерот на “пелистерки“, Роберт Митковски за оваа фаза од подготовките вели:

-Екипата беше во полн состав и работеше два пати дневно вклучувајќи и работа во теретана. Играчите се во одлична кондиција и супер физички спремни, со мали и ситни, но никако сериозни повреди кои се сосема нормални во оваа фаза, а за тоа како ќе се подготвуваат до стартот на пролетниот дел додава:

-Остануваме во Битола, каде ќе го одработиме и третиот дел, а според планот за подготовки тоа е  воигрување на екипата во краткиот временски период кој е пред нас, односно до самиот старт 4 февруар кога веднаш во првото пролетно коло, Пелистер Волеј гостува кај фаворитот во лигата, првопласиранита екипа на УГД од Штип, од кои и го претрпивме единствениот пораз во есенскиот дел.

За амбициите кои ќе ги имаат во пролетниот дел Митковски вели:

-Амбициите се исти кога почнавме, а и сега кога сме на половина пат од натпреварувањето, а тие се јасни пласман на една од првите две позиции, кои водат во првата, односно бараж за влез во првата државна лига и секако желбата е враќање таму каде припаѓавме во континуитет изминатите шест сезони. За да дојдеме до целта не чекаат пеколни девет кола и секоја шанса ќе се обидиме да ја искористиме за остварување на целта, а притоа свесни сме дека зад нас има доволен број конкуренти кои и тоа како можат да приредат големи изненадувања. Затоа посветени сме уште од стартот на годината, внимателни сме од самиот старт, вложуваме во секој сегмент од играта како и индивидуалниот пристап за подобрување на нашиот капацитет, а имаме атмосферата во  тимот која е фантастична, и тоа ќе биде повеќе од потребно во продолжението.

More from ВестиMore posts in Вести »