Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: акциска конрола на угостителски објекти по 24 часот, приведување за поседување марихуана

На 21.01.2023 година во времето од 00.00 до 04.00 полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетни лица во истите на подрачјето на Битола каде е извршена контрола во три  угостителски објекти, при што во еден локал на  ул. “Велешка“ во Битола,  затекнати се три малолетни лица. Истите се предадени на родителите, следува пријава по чл .21 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир за угостителите.
 
На 21 јануари од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во врска со чл. 215 од КЗ на ул. “Филип Втори Македонски“ при извршен преглед на лице на возраст од 27 години од Битола беше пронајдена  марихуана. Истиот е приведен полициска станица при што ќе следува соодветна пријава.
 
 
More from ВестиMore posts in Вести »