Денес, понеделник, 23 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, во попладневните часови пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 6 степени.
Утре, вторник, 24 јануар, во Битола времето ќе биде променливо облачно, со дожд и сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 5 степени.