Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети јавното претпријатие Комуналец, каде имаше работен состанок со новиот в.д директор на претпријатието, Горан Степановски. На состанокот, се разговараше во врска со начинот на организација на работењето и реализацијата на нови проекти во периодот кој следува.-Веднаш по констатирањето на состојбата во претпријатието и воочувањето на предизвиците и потребите, продолжуваме со реализација на веќе започнатите проекти во текот на минатата година, но и со нови проекти, кои планирам да ги реализираме оваа година. Во овој контекст, сакам да нагласам дека, посебен акцент ќе ставиме на создавањето на нови паркови во урбаниот и руралниот дел на градот, а исто така, со цел подигнување на квалитетното извршување на работните задачи на претпријатието, ќе бидат преземени и мерки за подобрување и зголемување на возниот парк, рече Горан Степановски, в.д директор на ЈП “Комуналец“, Битола.
Градоначалникот Коњановски, заблагодарувајќи и се на претходната директорка Гордана Наумовска, за досегашната работа и посветеност, му посака многу успех на Степановски, нагласувајќи дека, очекува значително подигнување на нивото на хигиената во градот, одржување на јавната чистота, уредување, заштита и реконструкција на јавното зеленило на територијата на општината, а со тоа и зголемување на бројот на хортикултурно уредени простори и воопшто значителен напредок во дејноста во надлежност на претпријатието.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2023/01/tankovski-11.jpg?fit=1000%2C592&ssl=1)
Градоначалникот Коњановски и новиот директор на “Комуналец“ на работен состанок
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)