Press "Enter" to skip to content

Марио Танковски со нов договор, до 2025 година останува во Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола ја информира јавноста дека ракометарот Марио Танкоски потпиша нов договор со нашиот клуб, заклучно со јуни 2025 година.

Ова е продолжување на соработката со средниот бек за уште две сезони, со што клубот Еурофарм Пелистер од Битола покажува континуитет и му укажува доверба на проектот и ракометарот.Тенденцијата најдобрите македонски ракометари да играат во нашиот дрес продолжува и во тој правец е следниот потпис.

Танкоски дојде во Еурофарм Пелистер во пролетта 2020 година и со својот професионализам, пристап и човечност целосно се поклопува со клупските вредности.

More from ВестиMore posts in Вести »