Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Расчистена тешка кражба на “Димитар Влахов“ следува кривична, денес 78 казни за брзо возење

Денеска, 23 јануар полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија службен разговор со 46 годишно лице од Битола. Тој се сомничи дека на 20 јанаур 2023 година извршил тешка кражба во куќа на ул. „Димитар Влахов” во Битола, при што одзел разни предмети. Тој го признал делото, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска 23 јанауар 2023 година во периодот од 9.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 78 возачи. Од нив, 72 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 6 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »