Кога времето станува сиво и мрачно, вашето расположение може да се менува според она што се случува надвор. Недостатокот на сончеви, топли денови може да влијае на вашиот мозок повеќе отколку што мислите и може да доведе до депресивност или т.н. сезонска депресија. За некои луѓе, сезонската депресија или сезонското афективно растројство (САР) започнува како часовник.
Тоа е зимскиот период кога деновите се кратки, со помалку сончева светлина. Потоа помалку сме физички активни, а јадеме храна која е со повеќе јаглени хидрати и масти (особено за време на празниците), како и вишок на слободно време (исто за празниците) кога и се повеќе се чувствуваме осамено.
Сето ова носи со себе и специфични симптоми од кои најкарактеристични се:
-Пад на расположението и чести осцилации на истото.
-Губење на интерес за работи кои порано ги сметавте за пријатни (анхедонија)
-Чувство на слаба енергија или претерана замореност, поспаност и летаргичност
-Потреба за подолг сон кој не одмара,
-Тешкотии при фокусирање или концентрирање
-Чувство на безнадежност или безвредност
-Потреба за осамување.
-Промени во обрасците на исхрана – обично во насока на зголемена и појака исхрана.Причини
Заради недостатокот на сончева светлост невро трансмитерите кои се одговорни за лачење на хормонот на расположение (мелатонин и серотонин) се лачат во помала количина, и доведуваат до лошо расположение. Клучно е излагање на дневна сончева светлост.
Предпразничната еуфорија и Постпразничната депресија може да ги зголемат симптомите на зимската депресија.
Обично пред и за време на празниците како да сме сите под стрес: да бидеме средени, дотерани, домот да ни биде украсен, трпезата богата, да отпатуваме некаде… Често во тој период купуваме и од повеќе од колку што ни треба. Потоа може да западнеме во долгови кои уште повеќе придонесуваат да се чувствуваме лошо.
Исто така после празничната еуфорија може да се јават: чувството на тага, осаменост, незадоволство како поради завршувањето на празничната сезона и враќање на секојдневниот ритам, но и соочување со реалноста.
Како да се изборите со сезонската депресија и да го зачувате вашето ментално здравје во текот на зимската сезона, е да се создаде нова зимска рутина и да се држите до неа. Кога се чувствувате оптоварени со сезонска депресија, можеби ќе сакате само да останете во кревет и да не излегувате од дома. Но, преземете обврски, колку и да се мали, и придржувајте се до рутината.
Излезете надвор кога можете. Да, ова може да биде тешко кога зимското време не е најдобро, но да најдете неколку моменти за да вдишете свеж воздух и да впиете природна светлина и малку сонце може да биде клучно за враќање на невротрансмитерите на вашиот мозок во баланс.
Ако вашиот работен распоред Ве натера да заминете и да се вратите дома од работа во темница, обидете се да вложите свесен напор да поминете дел од паузата за ручек надвор кога можете.Соочувањето со сезонското афективно пореметување – зимска депресија од друга страна се препорачува покрај: прошетки во природа на отворено и излагање на сончева светлина, здрави животни навики пред се добар сон и здрава исхрана, повеќе хидратација со свежи сокови и чај и спорт.
Социјална комуникација е најважна
-Редовно комуницирајте и опкружете се со пријатели кои ве исполнуваат со позитивна енергија и на кои може да им се доверите кога се чувствувате лошо.
-Понекогаш е доволно некој само да ве ислуша, па веднаш да ви биде полесно.
-Јавите му се на оној кој ви недостасува и искрено кажете му го тоа.
-Направете си нешто убаво за себе, угодете си, правете нешто што ве прави радосни, среќни.
-Слушајте музика, читајте, гледајте некој забавен филм…
-Викендите се супер време за престој во природа, како и хобија и зимски спортови надвор на воздух.
-Побарајте и стручна помош ако се чувствувате подолго време тажно, разочарано и депресивно.