Press "Enter" to skip to content

Горан Думевски – Панчо тренер на билијард клубот Лонгони: оваа сезона ќе имаме шампион во “А“ дивизијата од Битола

Изминатата сезона за билијард клубот Лонгони од Битола  беше доста успешна, а одлично се претставија како во “А“ лигата, така и во “Б“. Тренерот на Лонгони, Горан Думевски – Панчо за изминатата сезона вели:-Сезоната заврши со јуниотскиот мастерс кој се одржа во декември месец каде имавме двајца учесници од Битола, а пред тоа имавме екипно првенство и седум мастерс турнири. Преку мастерсите добивме државен првак, а преку екипното првенство екипен победник. Веднаш ќе кажам дека во сите конкуренции сме најбројни од сите осум клубови кои пријавуваат играчи. Во “Б“ лигата сме најдобри бидејќи првото и второто место го освоија наши играчи кои сега ќе се натпреваруваат во “А“ лигата.  Златко Ицаноски беше прв, а Теодор Најденов беше втор. Во “А“ лигата од 16 играчи имавме 6 играчи, а еден имавме и во наградниот фонф, Тино Бојаџиев. Од прикажаното сум задоволен, посебно поради тоа што сме единствена екипа која немаме испаднат играч од “А“ лига, но мислам дека можеме повеќе. Со новите “А“ играчи во новата сезона, од 16 ќе имаме 6 играчи, што за нас е голем успех, но мислам дека можеме да бидеме осум. Имаме и двајца млади играчи кои се добри и одлично тренираат кои во иднина ќе бидам нашои добри играчи. Морам да кажам и дека екипно сме прваци, а имавме пријавено две екипи.

За тоа како се подготвуваат за новата сезона Горан Думевски – Панчо кој работи заедно со Горан Петровски – Сајкал вели:

-Немавме класична пауза, сите тренираа индивудуално, а имавме и неколку клубски турнири организирани од наша страна, каде имавме можности да поправиме некои грешки кај играчите.

За идната сезона Думевски вели дека сакаат да постават и еден неофицијален рекорд, а тоа е на еден турнир да имаат дваесетина играчи, а тоа ќе биде рекорд не само во Македонија, туку и во бившите југословенски простори, од еден мал клуб со три билијард маси, да има толкав број на играчи, а за новата сезона додава:

-Не сум многу задоволен од тоа како тренираме, можеме да тренираме повеќе и поквалитетно и да имаме најдобри резултати. Сепак очекуваме дека во 2023 ќе имаме сугурен шампион во “А“ лигата и два – три во наградниот фонд. Сакам да не испадне никој, но и ако само еден испадне ќе биде голем успех за нас. Во “Б“ лигата ќе бидеме силни, а од вкупно 4 кои влегуваат во “А“ лигата еден или двајца ќе бидат наши. Планираме и учество на два-три странски турнири со поголема група на играчи. Се надевам дека во Битола ќе имаме еден семинар за играчи. Предавач на семинарот би бил поранешен европски првак, еден од најголемите таленти за билјард во светот, а сега успешен тренер и мој личен пријател. Сакаме и да воспоставиме и соработка со клубови од Црна Гора и друга земја со што ќе го подобриме квалитетот на играчите и ќе имаме подобар клуб со секој поглед.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »