Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер на “балон“ во Бања Лука, Мустафица: бркаме победа за пласман во осум екипи

Кошаркарите на Пелистер од Битола од денес наоѓаат во Бања Лука каде ќе играат три средби од “балонот“ во АБА2 лигата. По последниот тренинг во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, пред заминувањето на “пелистерци“ за Бања Лука,  за медиумите зборуваше Босанецот Недим Мустафица, кој рече:

-Добро стартувавме во вториот дел на сезоната, со домашна победа против Гостивар. Ни следи “балонот“ во Бања Лука, многу важен за нас. Ќе одиграме три натпревари против Спарс, Сутјеска и Златибор. Ќе ја бараме нашата шанса со евентуални победи да се пласираме меѓу осумте најдобри екипи во АБА2 лигата. Важен ни е овој “балон“, ги познаваме екипи и не одиме со “бело знаме“. Одиме да се надигруваме со секој противник и со победи да ја оствариме целта. 

На два “балони“ до крајот на регуларниот дел на сезоната, екипата на Пелистер имат шанси да ја остварат целта, пласман во завршницата на АБА2 лигата.

More from ВестиMore posts in Вести »