Press "Enter" to skip to content

Андреј Маслинко: ни треба победа за пласман во најдобрите осум во АБА2 лигата

Кошаркарите на Пелистер од Битола се наоѓаат во Бања Лука каде ќе играат на “балонот“ од АБА2 лигата. По двата пораз на „балонот“ во Златибор против најсилните екипи во АБА2 лигата во декември минатата година, пред кошаркарите од Битола има нов регионален предизвик. “Пелистерци“ во пет дена во Бања Лука че играат три натпревари.

Новајлијата во тимот на Пелистер Андреј Маслинко во Бања Лука ќе ги одигра првите натпревари од ова регионално натпреварување, а кратко за очекувања од овој “балон“ рече:

-Ни требаат победи во АБА2 лигата за да обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи кои ќе разигруваат за промоција во АБА лигата. Нов сум во ова натпреварување, па не ги познавам екипите доволно. Треба да го погледнеме скаутинг видеото од ривалите, па потоа ќе коментирам. Инаку, можам само да кажам дека супер сум прифатен во Битола, благодарение на стручниот штаб и играчите. Благодарен сум за тоа и многу ми се допаѓа мојот избор.

Денес екипата на Пелистер игра против Спарс, екипата од БиХ, а ги очекуваат натпревари и против екипите на Сутјеска од Никшиќ и Златибор од Чајетина, Србија.

More from ВестиMore posts in Вести »