Press "Enter" to skip to content

Воз од Битола до Жабени од 1 фавруари

Врз основа на известувањето добиено од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, општина Битола, ја известува јавноста за пуштање во сообраќај на воз за превоз на патници на пругата Битола – Жабени. Во известувањето од претпријатието се наведува следното:

-ЈП за железничка инфраструктура Железници Инфраструктура доби барање за доделување траса за патнички воз на пругата Битола – Жабени од страна на железничкиот превозник ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

-Согласно барањето, возовите се планирани да започнат со сообраќај на 1 февруари 2023 година, се наведува во информацијата, а повеќе информации во врска со патничкиот воз може да се добијат од Железници Транспорт АД Скопје.