Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници – ЈППЈЛП Битола, каде имаше средба со вработените во претпријатието и работен состанок со новиот в.д директор Зоран Михајловски.На состанокот, градоначалникот, посакувајќи му успешна работа на Михајловски, изрази верување дека претпријатието ќе продолжи интензивно да работи кон подобрување на условите и изградба на нови паркинг простори, како и внесување на нови содржини, кои се потребни за граѓаните, а се во надлежност на претпријатието.Михајловски, нагласи дека претпријатието, продолжува да работи согласно донесената Програма од Советот на општина Битола, а покрај тековното одржување, особено ги нагласи проектите кои планира да ги реализира за време на раководењето на претпријатието, а се однесуваат на: набавка на машина за одржување на хоризонталната сигнализација, редовно одржување на вертикалната сигнализација, реконструкција и изградба на нови површини за паркирање во градското подрачје, како и враќање на некогашната атракција, преку набавка на вовчето МЕЧО од страна на претпријатието.
Градоначалникот на работна средба со новиот директор на “Паркинзи“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)