Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници – ЈППЈЛП Битола, каде имаше средба со вработените во претпријатието и работен состанок со новиот в.д директор Зоран Михајловски.
На состанокот, градоначалникот, посакувајќи му успешна работа на Михајловски, изрази верување дека претпријатието ќе продолжи интензивно да работи кон подобрување на условите и изградба на нови паркинг простори, како и внесување на нови содржини, кои се потребни за граѓаните, а се во надлежност на претпријатието.
Михајловски, нагласи дека претпријатието, продолжува да работи согласно донесената Програма од Советот на општина Битола, а покрај тековното одржување, особено ги нагласи проектите кои планира да ги реализира за време на раководењето на претпријатието, а се однесуваат на: набавка на машина за одржување на хоризонталната сигнализација, редовно одржување на вертикалната сигнализација, реконструкција и изградба на нови површини за паркирање во градското подрачје, како и враќање на некогашната атракција, преку набавка на вовчето МЕЧО од страна на претпријатието.

Градоначалникот на работна средба со новиот директор на “Паркинзи“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- СВР Битола: приведени двајца возачи, едниот возел без возачка, другиот со 1,70 промили алкохол во крвта
- Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети





