Пелистер пред заминувањето во Охрид, каде ќе ја одработи наредната фаза од зимските подготовки во Битола го донесе и третото по ред засилување а се работи за Бобан Спиркоски кој доаѓа од Прилеп.
-Нов играч на ФК Пелистер кој ќе се приклучи на подготовките кои се во тек е Бојан Спиркоски, кој доаѓа од ФК Победа, а и игра на во нападот каде што ќе се зголеми конкуренцијата. Спиркоски има играно во фудбалските клубови Силекс и Брегалница, а има интернационална кариера во Јихлава, Чешка. Најзаслужен за влезот на ФК Победа во Првата лига беше Спирковски каде постигна 20 голови и беше најдобар стрелец во Втората лига, се вели во соопштението на ФК Пелистер, испратено до медиумите.27 годишниот Бојан Спиркоски ќе освежување во нападот на “пелистерци“ и со Пелистер потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за уште една ако се избори пласман во Првата лига.
Претходно во зимскиот преоден рок Пелистер ги донесе Наумоски од Победа и Парталко од Вардар.