Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за поседување марихуана, 73 казни за брзо возење

На 25.01.2023 на ул. ,,Новачки пат“ во Битола, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 28 години од село Горно Агларци, општина Новаци и 22 годишник од Битола. При преглед во патничко моторно возило „ауди“ со битолски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.01.2023 на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи. Од нив, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 18 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »