“Боди М“ станува лиценциран тренинг центар, меѓу првите на Балканот со новата иновација во негата на лице на “DS V-LINE“ посветена на сите професионалци од областа на козметологијата кои сакаат да се обучат за протокол со колагенски конци, целосно ориентирана кон врвни резултати за работа во козметички салони.
Меѓу првите наши професионалци кои се стекнаа со диплома за BEAUTY TREND collagen rope protocol е Соња Мешкова-Милошева од познатиот кавадаречки козметички салон ТОРЗО. Таа веќе започна да го работи овој третман за нејзините клиенти и воодушевена е.-Одамна се нема појавено нешто на козметичкиот пазар кое направило толкав бум како што е третманот со колагенски конци или нитки. Кога ќе ги видите резултатите, ќе ви биде и јасно зошто, особено затоа што е во прашање неинвазивна метода, а резултатите се видливи веднаш по третманот. Во прашање се нитни од колаген кои се раствораат во кожата, а состојките продираат во неа пополнувајќи ги брчките, залегнувајќи го тонусот на мускулите на лицето и провоцирањето на создавање на колаген во подолг временски период.
