На 26.01.2023 на ул. “Гаврило Принцип“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 23 и 20 години и еден малолетник, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 26.01.2023 во СВР Битола, 54 годишна жена од Битола пријави дека на крстосница од ул.„Цар Самоил“ и ул. „Стив Наумов“ во Битола била физички нападната од маж, со кого живеала во вонбрачна заедница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.