Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски по победата над Сутјеска: во натпревар кој е лош по здравјето, најважна ми е победата

По драматични последни пет минути и драма која траење до последните секунди екипата на Пелистер од Битола победи во натпреварот во АБА2 лигата е на чекор до плеј офот од ова регионално натпреварување со поени во последните секунди од слободни фрлања со 77:75.

Тренерот на Пелистер Марјан Илиевски на официјалната прес-конференција по завршувањето на натпреварот во Бања Лука рече:

-Кога еден ваков натпревар ќе го имате во резултатска предност повеќе од 36 минути, тој е првично лош за здравјето, но на крајот најважно ни е дека победивме и не сакам да бидам критичен кон своите играчи, бидејќи најлесно е по натпреварот да ги линчуваме, не го сакам тоа. Сепак, краток период имавме за одмор, имаме и повредени играчи и сакам да му честитам на тимот за победата и покрај тој пад кој го имавме. Дојдовме до победа со краток ростер и сега гледаме кон наредниот натпревар со Златибор. Причината за падот сигурно е заморот. Еден играч е многу тешко да игра 40 минути, да го организира нападот, да поентира и да игра одбрана. Најмалку ние како тренери сакаме да дојде до пад во клучните моменти и да играме натпревар на една топка, но добро е на крај што ние сме тие кои победивме. Го заслуживме тоа.

More from ВестиMore posts in Вести »