Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.
Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.
Про Локал, организацијата која го води проектот, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија и пелагониските Општини, ќе реализираат и 9 инфраструктурни објекти од помал обем по предлог на младите од секоја општина.
Проектот е продолжување на активностите од мината година во која исто така група од 50 млади луѓе поминаа интензивен едукативен процес за трансформација од пасивни млади во активни агенти на промени.
Предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните места се различни од оние на младите луѓе во урбаните средини и токму затоа во рамките на проектот се креира Регионална платформа за млади во која членуваат сите 9 општини и 9 граѓански организации со мандат заедно да ги решаваат проблемите кои ќе ги идентификуваат младите.
Про Локал и локалните партнери: Еко Герила Преспа, Европска Гледна Точка, Волвокс Битола, Центар за креативни индустрии НЕБО, Младински Совет Прилеп, Младинско Здружение Пелагонци Етнос неформалните групи на граѓани Empowering Krushevo и Урбано гнездо од Кривогаштани ќе го имплементираат овој регионален проект во наредните две години.

Мотивирачки старт на проектот за “Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “Боди М“: Слабеењето не е магија. Тоа е одлука + правилна технологија
- Летна овошна линија во слаткарници “ГТ”
- “ЈК Травел“ Амудиа – совршен избор за семеен одмор!
- Ресторан “Корзо“: докажан квалитет на храната и нашата услуга
- Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina ве очекува со препознатлив амбиент со одбрана храна





