Press "Enter" to skip to content

Валентин Груевски потпретседател на Либерално Демократската Партија

На 2. седница на Централниот Одбор на Либерално Демократската Партија, Валентин Груевски од Битола едногласно е избран за потпретседател на Либерално Демократската Партија.

-Општинска организација на ЛДП во Битола како најсилна организација и понатаму останува на вистинскиот пат, патот кој води до европска Македонија, напишаа на својот фејс-бук профил од битолскиот огранок на партијата.

Инаку, Валентин Груевски е во Битола, магистрер по економски науки на Економскиот факултет во Прилеп и актуелен директор на “Македонски шуми“. Во својата политичка кариера Груевски бил советник во советот на општината и претседател на Советот на Општина Битола, а извршувал и голем број на политички функции во ЛДП и во битолскиот огранок.

More from ВестиMore posts in Вести »