Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во третиот натпревар од “балонот“ во Бања Лука

Пелистер – Златибор 75:69

Кошаркарите на Пелистер од Битола се поразени во АБА2 лигата, во натпреварот од “балонот“ во Бања Лука, од екипата на српскиот клу Златибор со 75:69, по двете победи кои ги имаа во оваа фаза на регионалното кошаркарско натреваруање.

Минатогодишниот победник во АБА 2 лигата, екипата на Златибор поведе од стартот, но “пелистерци“ во текот на целата прва четвртина беа рамноправни и по 10 минури игра беше 20:14. До одморот по две четвртина, кошаркарите на Пелистер “бркаа“ негатива, а дојдоа и само до -1. Но, Златибор со добра серија дојде 37:27 на полувреме.

Во третата четвртина Златибор дојде до  највисоки +17 поени разлика, но “пелистерци“ со одлична серија од 19:1 дојдоа до предност од 57:58. На крај Златибор во финишот на натпреварот дојде до победата. 

Најефикасен играч на Пелистер беше Карутерс.

More from ВестиMore posts in Вести »