Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија тренингот во Нови Сад за стартот на СЕХА лигата (фотогалерија)

Од Нови Сад, Сашо Ристевски

По вчерашното патување од Битола до Нови Сад, Србија и по денешниот претпладневен одмот ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија тренингот пред првиот натпревар во СЕХА лигата против шампионот на Србија, екипата на Војводина.Попладневниот прв и единствен тренинг на “пелистерци“ под водство на тренерот Ларс Валтер и неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколевски, помина во одлична атмосфера, а освен вообичаените активности немаше многу работа и за физиотерапевтот Христијан Стојановски.Ракометарите во одлична атмосфера го очекуваат утрешниот натпревар кој започнува во 18 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »