Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен на стартот на СЕХА лигата (фотогалерија)

Војводина – Еурофарм Пелистер 29:24 (14:14)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола е поразена во Нови Сад од Војводина на стартот од СЕХА лигата со резултат 29:24, полувреме во рамки на 1. коло од натпреварувањето.На отворањето на натпреварот  Еурофарм Пелистер имаше водство од 1:2, а во таков тон со изремнет резултат беше до 15. минута. Потоа следуша голови за водство на Војводина од 10:6. “Пелистерци“ се обидоа со ротации во нападот пробаа да ја пробијат домашната одбрана, пто вроди со плод и на одмор се отиде со 14.14, со голот на Костевски кој го постигна во последната секунда.Еурофарм Пелистер слабо го започна второто полувреме и домашните ракометари направија предност од 19:15. Војводина ја одржуваше предноста, а највисока имаа од +8 (25:18). До крајот на натпреварот “пелистерци“ успеаја да намалат на 29:24.Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Костески со седум гола, а Ојлески, Дејвис и Хенеберг погодија по трипати.Следниот натпревар за Еурофарм Пелистер во СЕХА повторно ќе биде гостување, кога на стартот на февруари гостува кај Нексе. 

More from ВестиMore posts in Вести »