Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: запрашајте се “Што животот очекува од мене? НЕ што очекувам од животот“

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Постојат мигови кога секој се чувствува разочарано, тажно, очајно, депресивно … Неизвесноста која ја носат  лошите вести, само го зголемуваат чувството на загригриженост, страв, анксиозност и паника. Реалноста со која се соочуваме никого не остава рамнодушен. Неизвесноста и стравот кој го носи со себе долго време не прогонува. Тука се  сите оние личности кои веројатно почесто ги преплавува стравот и неизвесноста  од иднината која се чини многу несигурна, за некои и бесперспективна бидејќи не се гледа светло на крајот од тунелот. Сега ќе се соочиме со последиците од кои ги остави на нас.

Како да си помогнеме и зачуваме своето ментално здравје? Запрашајте се ШТО ЖИВОТОТ ОЧЕКУВА 

-Запрашајте се за вашите емоции како се чувствувам? Дали сум исплашен/а? Во паника сум?…

Сето ова е едно искушение за човекот и неговата психа.  Се поставуваат прашања: како да се носиме со сето ова, како да ја пронајдеме смислата на животот. Требе да се осврнеме на многу случаеви и од историјата дека луѓето имаат сила да излезат од многу тешки искушенија.

Примери за ово има низ историјата

На политички затвореници кои робијале заради свои идеи, останале уверени во нив издржале и многу години затвор и долготрајни самица како најстрог начин на казна (Голи оток, Нелсон Мендела 40 години затвор, нацистичките логори на смртта во Втора светска војна…) Ако секој прочита како многу  историски личности кои заради верување во идеја издржале  најтешки казни,  тогаш и сегашната ситуација изолација полесно ќе ја поминува.

Не ја потценувајте сопствената отпорност

Човечкиот ум е добар во предвидување на најлошо. Истражувањата покажале дека луѓето имаат тенденција да преценуваат колку на нив ќе делуваат негативните настани, а се потценуваат колку добро може да се носат и да се прилагодат во тешки ситуации. Треба да знаете дека сте многу поотпорни одколку што мислите.  Не заборавајте на вашата сила, во тешки моменти.Ние сме поцврсти од колку што мислиме дека сме. Ова требе секој да го има на ум.

Психијатарот Victor Frankl  додека бил во нацистички логор се уверил во способноста на луѓето секаде да ја пронајдат смислата, дури и во најстрашните страдања и тешки моменти.

“Волја за смисла“

Victor Frankl психијатар кој ги преживеал злочините на нацистичките логори зборува за „волја за смисла“. Имено тој советувал да човекот се запраша што животот очекува од него, а не обратно- да од него нешто очекува. (портал DDL)  Тој открил метода со која може да ја вратиме смислата на животот. Бев во нацистичките логори и ова ме увери.  Франкл тоа искуство го искористил за создавање на сопствена метода на лечење- логотерапија.

Важното е ова: Да се обидете да ја пронајдете и да ја разберете смислата на секој миг од својот живот, било да е негативен, позитивен или неутрален.

Кога се чувствувате очајно, демотивирано и мислите дека се се одигрува  на лошо во одредена ситуација или живот, изговорете ги следните зборови:

Ја гледам смислата во….

Кога ја изговорите оваа фраза, обидете се да ја завршите така да четвртиот збор да биде нешто во што моментално може да најдете значење. На пример „Гледам значење во… моите пријатели“ Гледам значење во …искуството“ „Гледам значење во …промена“ Колку и да биле состојбите, работите лоши, секогаш ќе можете да најдете малку позитива во било кој момент. Се што треба да напраите е да се обидете да ја пронајдте таа позитивност.

Мора да се запрашате: што животот очекува од мене баш во овој момент кога сум соочен со сите тие тешки работи?

Кога еднаш сфатите дека вашето страдање име некое значење, ќе ви биде многу полесно да ја доживеете. Често барањето на  смислата е првиот чекор до оздравување. Тоа ви отвара начини да се носиме со она што се случува. Можеби нема да ви ја ублажи болката, но ќе ве освести и помогне да си го вратите мирот и спокојството дури и во ситуации за кои мислевте дека се безнадежни.