Press "Enter" to skip to content

Чествување по повод 72 години од смртта на Павел Шатев на Светонеделските гробишта во Битола

Со панихида во гробиштата “Света Недела“ во Битола и историски час беше одбележана 72 годишнината од смртта на великанот на Македонската револуционерна борба, Павел Шатев, која беше организирана од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, а присутвуваа претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Пеце Милевски, пратеничката Олга Лозановска и претставници на партиски структури.

Во знак на почит беше положено и цвеќе на гробот на Павел Шатев, а историчарот Александар Јаневски, потпретседаел на ПИ Битола, одржа краток говор за животот и делото на Павел Шатев. Павел Шатев целиот свој живот го посветил на Македонија и со своето дело давал пример како да се постигни целта, независна Република Македонија. Павел Шатев бил член на ВМРО, бил гемиџија и учесник во Солунските атентати и еден од основачите на ВМРО-Обединета. Учесник и делегат на АСНОМ и првиот министер за правосудство на Македонија. Павел Шатев бил осудуван и затворан од Османлиската власт, потоа од Бугарските фашисти, а и од властите во повоена Македонија. 

На 30 јануари 1951 година во Битола, го завршува својот живот, а гробот му се наоѓа во Светонеделските гробишта.

More from ВестиMore posts in Вести »