Press "Enter" to skip to content

Алмир Бајрами победник на турнирот “FIFA23“ кој го организира УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ викендов одржа турнир во компјутерски турнир  “Еспорт-FIFA 23“ каде што учество зедоа 44 млади на возраст од 15 до 29 години. -Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, во организација на Средношколска и Студентска Унија, денешниот ден го искористивме за организација на турнир во Playstation, каде се играше FIFA23. Турнирот помина во прекрасна атмосфера и дружба, а не беше изоставен и натпреварувачкиот дух, истакнуваат организаторите.Најдобри на турнирот беа, Алмир Бајрами, второ место – Горазд Кузмановски и трето место – Томи Шехи.