Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Нови Сад ја започна СЕХА лигата, но за жал на навивачите со пораз. Иако Војводина е првак на Србија сепак на трибините имаше околу 300 навивачи.
Меѓу нив низ фото-објективот на Битолањуз забележавме две познати лица од Битола, а тоа беа Мимето Акимовска сопственичката на “Боди М“ и нејзиниот сопруг кои, како ни рекоа биле службено во Србија, но направиле и “некој километар“ плус за да го гледаат Еурофарм Пелистер.