Press "Enter" to skip to content

Одбележан Св. Атанасиј во манастирот кај Смолево (фотогалерија)

Во присуство на голем број верници, православни христијани, по повод големиот светец свети Атанаси, Свечена литургија одржа отец Никола, во манастирската црква во месноста Смолево во близина на Битола.Иако денес битолани ги имаа и првите годинешни врнежи од снег, денеска на ден Свети Атанасиј Велики, не претставуваа пречка, голем број верници, православни христијани од Битола, како и блиските села Лавци, Брусница Буково и други околни населби.По Свечената литургија, отец Никола им се заблагодари на годинешните кумови на празникот, Миле и Александра Димови, а кумството за идната година го презеде Билјана Горкова од Битола.Инаку, манастирската црква посветена на свети Атанасиј Велики е единствената градба која е останата од некогашното село Смолево лоцирано над Битола, кое во виорот на Првата светска војна, во борбите на Македонскиот фронт во 1914 година било разурнатио и иселено од француската војска која се стационирана на овој стратешки пункт над Битола.

Драган Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »