Press "Enter" to skip to content

Правната клиника на Правниот факултет со донација во детското одделение во болницата

Правната клиника на Правниот факултет при Унверзитет „Св. Климент Охридски“- Битола ја организира четвртата по ред хуманитарна акција, која имаше за цел – подобрување на условите на детското одделение во Клиничката болница во Битола.
 
-Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на секој од нас. Желбата да ја користиме секоја прилика да придонесеме за унапредување на квалитетот на животот на најмладите и одговорно да ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје. Посакуваме што помалку деца оваа година да бидат корисници на донираните ствари како што се: професионалните инхалатори, медицински ваги и сијалици, грејни тела и тетра пелени, како и комплетна постелнина за целиот оддел, велат од Правната клиника на Правниот факултет. 

 
More from ВестиMore posts in Вести »