Денеска (31.01.2023) на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 42 годишно лице од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот. Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 30.01.2023 на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода четири лица на возраст од 25, 24, 25 и 21 година сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.