Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Работнички на гостувањето во “Кале“

Работнички – Пелистер 79:88

Екипата на Пелистер од Битола без двајцата стандардни стартери Стајиќ и Хаџихејзовиќ ја победија екипата на Работнички на гостувањето во “Кале“ со резултат 79:88. 

“Пелистерци“ имаа одличен почеток на натпреварот во “Кале“ во раната фаза, во првата четвртина од натпреварот имаа убедлива предност оф +16 (4:20), но некако премногу лесно ја испуштија, му дозволија на домашниот тим да ја намали и по 10. минути игра имаа резултат 16:28.

“Пелистерци“ одиграа одлично и во втората четвртина, на почетокот на вториот, кога повторно изградија високи 22:39, позитива која ја имаа во 14 минута од играта. На одмор се отиде со резултат на 42:46.

И третиот дел подобро го отворија “пелистерци“, сега со серија од 7:0 за да ја вратат позитивата на двоцифрена 42:53, но уште еднаш реагираа кошаркарите на Работнички, не дозволија ново резултатско оддалечување.  Работнички со серија од 9:3 за 51:56.  Во поентерска улога беше, во прв ред, Карпентер, со сосема добра подршка од Карутерс и на семафорот остана водството за Пелистер од +2 (64:66), по три одиграни четвртини.  

Во последната четвртина Михајлоски беше изненадувањето за одбраната на Работнички, а потоа следуваше водство 64:73 за Пелистер. Караџовски и Карпентер повторно погодуваа за за солидната разлика 67:78. Работнички на крајот одново се приближи 74:79, но Пелистер го имаше Карпентер, по неговиот 30. поен, и за разлика од +9 (74:83), а потоа и за победа 79:88.

More from ВестиMore posts in Вести »