Press "Enter" to skip to content

Трета победа на фудбалерите на Пелистер на подготовките во Охрид

Пелистер – Јанг Тим 5:0

Фудбалерите на  Пелистер во рамките на подготовките за пролетниот дел денес во Охрид одигра уште еден контролен натпревар со третолигашот Јанг Тим од Струга и забележа висока победа од 5:0.

Стрелци на Пелистер беа: Бојан Спиркоски два гола, еден автогол и по еден гол постигнаа Христијан Торневски и Амир Фејзуловски.

На натпреварот добија шанса сите фудбалери што не беа во составот против екипата на ФК Работнички. 

More from ВестиMore posts in Вести »