Сезоната која е во тек на тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола, Ларс Валтер му донесе проблеми во составувањето на тимот поради голем број на повредени играчи, а некои проблеми во таа насока му продолжуваат.
Деновиве успешно се оперирани двајца ракометари на тимот од Битола, Руди Сери и Емилијан Ѓорговски.
Французинот Руди Сери кој ги скина лигаментите на левото колено, на натпреварот со Вардар од Супер купот е успешно опериран во Франција. Негово враќање се очекува на почетокот од припремите за следната сезона. Емилијан Ѓоргоски е успешно опериран, поради хируршки зафат на менискусот на коленото.