Press "Enter" to skip to content

Хуманитарците Марија и Томас Росенгрен и хуманитарната организиција “Од рака на рака“ (“Hand Till Hand“ ) повторно во Битола (фотогалерија)

-За да бидеме сите среќни, не е потребно многу, едноставно сите нека бидат хумани, да помагаат на оние на кои им е потребна помош, а тогаш среќата ќе биде двојно поголема. Среќни ќе бидат оние на кои сте им помогнале, а и оние кои донирале, бидејќи направиле некој човек да биде.Ова се зборови на  Марија Росенгрен која беше меѓу првите мои соговорнички во рубрика Интервју во 2018, bitolanews.mk  со битолчанки, успешни жени во дијаспората. Марија е од Битола и живее во Кралството Шведска  од 1975 година. Низ нејзината долгогодишна кариера се занимавала со голем број професии шминкер и фризер на оперски пејчи и актерки. За да продолжи  со консултативни услуги за „Имиџ во менаџмент“. Прогласена и за најдобар жена претприемач за 2004 и 2005 во Шведска. Заедно со својот сопруг Томас преку  шведската невладина органзација „Hand Till Hand“ или „Од рака на рака“  донирале многу средства со проекти во Битола и Македонија. За досегашни проекти и донации на организацијата„Од Рака на Рака“  ќе оставиме да зборуваат официјалните податоци. Тоа се донации  во претходните години кои се разбира многу подобро ја опишуваат заложбата на нашата соговорничка Марија, да се помогне на поединечни личности и институции.Вредноста на сите донации се проценува на околу 2 милиони евра, кои се вложени во сите проекти во Битола и низ цела Македонија меѓу нив Клиничка болница Битола, (во опрема и медицински помагала која изнесува околу 900.000 евра, како и во други болници низ  Македонија и тоа Штип, Охрид и Ресен). Завод за рехабилитација за говор и слух Кочо Рацин (100.000 евра … Многу донации во  ОУ „Ѓорѓи Сугарев“Битола. Овие беа дел од донациите на хуманитарната организација “Од Рака на Рака“ во години пред корона кризата. Тоа беше меѓу другото и причините кои спречија голем дел проекти да се реализираат, но сега продолжуваат.На ова  Марија се надоврза:

-Не сакам да изгледа како фалење, но со овие проекти и донации многу се постигна, за сите оние на кои им беше потребна низ годините од 2011 до 2019. Би сакала сега да зборуваме и да направиме нови проекти. Соработката која се направи со претходните проекти, сега продолжува, тоа го пкажува и поводот за моето доаѓање  во Битола. Тоа е донацијата за ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола, но и склучување на меморандум на соработка со Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски и Општина Новаци градоначалникот Стевче Ставановски за понатамошни проекти за горливиот проблем на загадувањето на околината кој ги засега двете општини со близина на РЕК “Битола и други загадувачи.Тука посебно би истакнала благодарност  до градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.Деновиве  пишувававме за вашата донација и проект со ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ од Битола на шведска невладина организација “Hand Till Hand“, во што се состои таа?

-Нашата соработка со ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола е од поодамна кога во ова училиште направивме неколку успешни проекти и донации, a сега продолжи. При последната средба во декември кога бевме тука, низ разговорите со тимовите кои работат со учениците од социјално ранливи категории, особено од ромска националност. Тие дадоа предлог за проект за пoдигање свест преку едукација за личната хигиена. Во проектот наречен едноставно “Хигиена“ се надоврза и едукација за промените кои се случуваат во пубертет и грижата за хигиената во тој период. За оваа тема беше приклучена Адела Исова ученичка од 2 година  во Средно медицинско училиште “Др. Јован Калаузи“ – Битола. При што се направи проект од едукатиен карактер, а донацијата наша со хигиенски средства го дополни. Бидејќи наставничките увидоа дека и покрај едукацијата потребни се и хигиенски средства да бидат достапни до нив. Пред се  материјалните можности на ранливите категории семејства.  На предлог од наставничките ние направивме проект за донација на хигиенски средства за социјално ранливи категории, од ромска националност. Во училиштето бевме многу убаво пречекани со настан органзиран од тимот  од кои и тргна идејата  за цел проект во училиштето. Тоа беа :наставници во 3 одделение Соња Крајчевска и Билјана Петковска, членови на стручна служба Валентина Петреска педагог и Марија Ковачевска психолог.Кажете ни повеќе за вашите идни проекти и донации?

-Пред да ги напоменам овие проекти, морам да се навратам во далечната  2011 година доаѓајќи во Македонија за да помогнеме околу набавката на иконостас за македонската црква “Св. Наум“ во Малме, многу не загрижи проблемот со загадувањето  низ Македонија. Мојот сопруг предложи и тогаш решивме да превземеме нешто за екологијата,против загаденоста на убавата природа. Преку проектот кој го изработивме за заштита на животната средина “Хармонија“. Тука сакам посебно да го истакнам и нагласам познанството со Снежана Петровска во тој период. Тоа пријателство трае до ден денес. Таа многу ни помогна околу спроведување на голем број проекти. На место  советник за образование во Општина Битола не поврза со многу образовни институции, личности, процедури и документација. Нашето пријателство и соработка продолжува понатаму за други проекти.Најнов проект

-Идејата која тргна од 2011 година сакаме да ја продолжиме со аплицирање на проекти од Европски фондови кои се доделуваат и   однесуваат на  зачувување на еколошката средина. За таа цел во соработка со студенти од Кралскиот Универзитет (KTH Royal Institute of Technology -Sweden largest technical university)  потоа со консултантската компанија SWECO и Општина Битола веќе започнавме со некои анализи и податоци за загаденост на воздух, почва кои се праќаат на студенти од Универзитетот, а со цел добиените резултати да се направи анализа за идни проекти за енергетско одржлив развој на Општините Битола и Новаци. За тоа повеќе ќе разговараме кога во февруари доаѓаме со целосна делегација од Шведска, со личности од сите кои се вклучени во проектот и амбасада на Кралство Шведска. Градоначалникот Тони Коњановски беше отворен за соработка од Општина Битола. За овој дел досега и праќање на податоците голем е придонесот на Горан Неделков. За крај би сакала да истакнам и многу други личности со кои успешно соработувавме на проекти во Битола. Тоа се тимовите од Клиничката болница со тогашниот директор  Зоран Лазаров, Радмила Бајовска, потоа тимот на Заводот за рехабилитација на говор и слух „Кочо Рацин“, вработени од ОУ „Ѓорѓи Сигарев“ и многу други добри личности. Нашето пријателство и соработка трае од тогаш и продолжува понатаму. Секако вашата поддршка како медим кој известува за сите наши проекти и донации.Кратка биографија, Марија За себе… 

-Моето мото во животот е „Учење, учење и само учење“. Цел време тоа ме водеше и се уште ме води. И се уште учам. Сум поминала многу обуки и семинари кои се нудат од најразлични области во Шведска. Уште како многу млада кога стигнав таму јас поминав најпрво обуки за стилист, фризер и шминкер за филмска и театарска шминка. Низ кариерата работев многу професии, а најповеќе ги сакав креативните луѓе. Така беше и со мојата работа како шмикнкер и фризер на оперски пејачи и актерки. Потоа со обуките за бои и надворешен имиџ започнав со консултативни услуги за имиџ во менаџмент. Мојата приватна фирма правеше анализи за тоа како бизнисмен треба да се претстави во зависност од тоа каде ја претставува фирмата, за бизнис зделки или Мојата приватна фирма правеше анализи за тоа како бизнисмен треба да се претстави во зависност од тоа каде ја претставува фирмата, за бизнис зделки или состаноци, во зависност од тоа во кои држави се претставува и дали оди на деловни состаноци или неформални средби. Така мојата фирма нудеше услуги на големи компании како “Ериксон“, “Тетрапак“, “Астрасеника“ и др. За успехот во работата многу ми придонесе и мојата обука во Лондон која траеше 1 и пол година, а која беше за креаирање на целосен имиџ во бизнисот. Во 1990 година го завршив економски факултет – маркетинг и организација, кој сигурно ми помогна во мојата работа како генерален директор во фирмата на мојот сопруг, „Хигиен Утленлинг“ која вработуваше 700 лица. Таа нудеше услуги за достигнување на ISO-стандарди во Скандинавските земји во прехрамбена, фармацеутска, месна индустрија и технологија на процеси. Успехот на компанијата се огледа во тоа што неколку години работевме со профит и добивме повеќе признанија.

Животот е еден голем предизвик за секоја жена да се докажа на повеќе полиња. Се што сум постигнала е со безрезервната поддршка од мојот сопруг Томас и нашата љубов. Исто така морам да ги спомнам  мојата мајка Весела  и мојата свекрва Биргит кои цело време ми помагаа околу децата, домот и сигурмо се  дел од мојот успех. Посебен импулс и позитивна енергија во мојата работа се моите најмили внуците Ерик и Ребека кои со задоволство ја пратат нашата работа, а не изостанува и поддршката од моите синови кои и ја продолжуваат нашата хуманитарна работа.  (извадок од bitolanwes.mk  Интервју: Марија Русенгрен, битолчанка во Шведска, која донира со душа и срце за Битолa и Македонија ЈАНУАРИ 27, 2018)

Само би додала нејзината несебичност и преданост кон сите придонесуваат да биде успешна жена, мајка, сопруга…

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »