Во јануар 2013 година Битола беше дел од светскиот компјутерски настан насловен како “Global game jam“ во кој, покрај тоа што се уриваше Гинисов рекорд, имаше и натпреварувачки карактер, а имаше и седумдесет гејмери од Битола се обидоа да им конкурираат на светските гејмери, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Организаторот на ова натпреварување беше Петар Котевски кој рече дека околу седумседетина гејмери од Битола се обидоа да им бидат конкуренција на голем број гејмери од целиот свет, кои беа во шеесетина земји и на триста места. Темата на која требаше да работат битолчаните и сите во светот беше срце, односно работата на срцето, а на таа тема требаше да се изработи видео игра.
Најмладиот учесник имаше 9 години, а највозрасниот41 година. Покрај во Битола, околу стотина гејмери имаше и во Скопје, а заедно двете групи дадоа голем придонес во уривањето на Гинисовиот рекорд кој исто така тие го поставија минатата година.
Учесниците на натпреварот имаа мото кое гласеше: Наместо да спиеш, цртај, моделирај, програмирај, дизајнирај, музицирај, дружи се 48 часа со целиот свет.
Учеството на пријавените беше далеку од учекувањето, а бројката на пријавани сите ги изненанди. Што се однесува пак до самото натпреварување тимовите изработија 15 компјутерски игри, а најдобра беше играта на “тимот 8“ која ја направи играта
“Љубовна тетратка“, а второ пласирана беше играта “Емоции“.

Деновиве пред 10 години: Битола дел од светскиот компјутерски настан “Global game jam“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)
- Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
More from ВестиMore posts in Вести »
- РЕК “Битола“ започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот
- СВР Битола: приведување во Стрчин, опожарено “бмв“, битолчанец искршил инвентар во казино на “Партизанска“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
- Oтворena изложбата “Колку прекрасно!“ на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилијата Филевски (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со убедлива победа над Охрид во Битола (фотогалерија)