Здравствениот локален акциски план за Роми, усвоен од Општина Битола, а по повод 4 февруари – Светскиот ден на ракот, се одржа предавање на тема “Информирај се колку е битно женското здравје“ кое го одржа специјалистот гинеколог и акушер, д-р Михајло Вангелов, кој по предавањето стрпливо одговараше на прашањата на присутните.Во позитивна, опуштена и пријателска атмосфера заедно со присутните разговараше на повеќе теми поврзани со женското здравје, а со цел превенција од рак на женските органи. Докторот повеќепати ја нагласи потребата од редовна посета на гинеколог, односно еднаш годишно.
Вангелов зборуваше на повеќе теми кога за првпат треба да се посети гинеколог, важноста на матичниот гинеколог и бесплатните услуги кои следуваат со тоа, ризици од добивање на рак на дојка, матка, грло на матка и јајници, начин на ширење и превенција на истите, важноста на улогата на мајките во подготвување на своите ќерки за менструалниот циклус, следењето на циклусот и правилната хигиена за време на циклусот, вистините и митовите околу толкувањето на невиноста кај девојките поврзани со различните типови на химен, како и за достапните контрацептивни средства и начинот на употреба.
Присутните отворија и дополнителни теми и дискусии со нивните прашања, како што се полицистичните јајници, причини за разни физички и ментални нарушувања кај бебињата псоле пораѓајот, постпородилната депресија, појавата на апцеси заедно со начинот на третирање и слични теми.
На крајот, за присутните се организираше и лотарија преку која 3 наши кориснички си освоија награди.

Ромскиот здравствен образовен центар со предавања за женското здравје
More from ВестиMore posts in Вести »
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Општина Новаци по втор пат ќе субвенционира купување на клима уреди