Press "Enter" to skip to content

Фото вест: во библиотеката изложба на книги за великанот Гоце Делчев

НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола продолжува со традицијата да организира изложби на книги по повод значајни датуми, случувања и луѓе.

Деновиве во холот на Библиотеката поставена е изложба на книги за македонскиот великан, Гоце Делчев (Ѓорѓи Николов Делчев). Тој е роден во Кукуш, на утрешен ден, 4 февруари 1872, а загинува во Баница на 4 мај 1903.

Преку оваа изложба библиотеката ги промовира изданијата кои ги има кај нив посветени на Гоце Делчев, а битолчани можат да се започнаат со нив и да ги изнајмат.

More from ВестиMore posts in Вести »