Press "Enter" to skip to content

Зимската служба е добро екипирана и подготвена со доволни количини на сол и ризла и

Зимската служба на општина Битола, е подготвена со доволни количини на сол и ризла и добро екипирана за работа и во следните денови кога се очекуваат ниски температури.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети јавното претпријатие Нискоградба, со цел согледување на динамиката со која работи зимската служба, после врнежите од снег.

Од страна на директорот на КЈП Нискоградба, Зоран Талевски, градоначалникот Коњановски, беше информиран дека, екипите од раните утрински часови, работеа на терен, а до 12 часот беа исчистени улиците од прв и втор приоритет. Исто така, се интервенираше и во руралните места, на просторот на поранешните општини Бистрица, Кукуречани и Цапари.

Од страна на КЈП Нискоградба, апелираат до граѓаните, да не ги паркираат возилата на улиците, за да може да се обезбеди непречен пристап и навремено делување на екипите на зимската служба.

More from ВестиMore posts in Вести »