Младост УГД – Пелистер Волеј 3:2
(25:18, 13:25, 24:26, 25:19, 15:09)
На стартот на пролетниот дел во рамките на 10. коло од Втората одбојкарска лига на Македонија екипата на Пелистер Волеј од Битола е поразена од домаќинот Младост УГД минимално со 3:2, после речиси два и пол часа игра, денешниот дерби дуел му припадба на екипата од Штип, во една прекрасна атмосфера и полна сала.
Екипата на Пелистер Волеј од Штип се враќа со вреден бод и со промоција на репрезентативната техничарка Михаела Цветановска која го понесе целиот товар.-Првиот сет му припадна на домаќинот во кој ние како сеуште да не бевме доволно загреани, а сет во кој уште одма видовме неколку судиски грешки кои секако не изместија од колосек. Во вториот сет покажавме голем капацитет и на домаќинот му препуштивме само 13 поени што секако само ни ја подигна самодовербата и 25:13 за Пелистер. Драмата започна во третиот сет кога се играше израмнето и зовриваше атмосферата, се редеа фантастични поени, чудесни одбрани, борба за секој поен и за секоја топка, но домаќинот прв стигна до сет топка 24:23. Со пресврт од три поени го добивме и третиот сет со 26:24. Сепак во четвртиот сет се заканивме и фативме резултатски приклучок, видовме неколку дискутабилни судиски одлуки, како и едно преиначување на првично досудена одлука што е без преседан и голем срам. Петтиот сет домаќинот заслужено го доби во своја корист и им честитаме на победата, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.